• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО-ДПМНЕ: Погубните политики на СДСМ и Георгиески доведоа до масовно иселување на младите од Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Погубните политики на СДСМ и Георгиески доведоа до масовно иселување на младите од Охрид

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, овојпат дека воопшто не ги мотивирале младите за да се почувствуваат како дел од општеството.

 |   | 

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, овојпат дека воопшто не ги мотивирале младите за да се почувствуваат како дел од општеството.

На прес конференцијата, Алескандар Здравевски, претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, посочи дека погубните политики на СДСМ и Георгиески довеле до масовно иселување на младите од Охрид.

„Изградивте ли Младински културен центар? Не, не изградивте! Дали ги вклучивте сите млади во донесување на одлуките на локално ниво? НЕ, не ги вклучивте! Профункционира ли Советот за млади? НЕ, не профункционира! Изготвивте ли Општинска стратегија за млади? НЕ, не изготвивте! Каде е сега младината на СДСМ којашто велеше зборот е збор однесувајќи се со потценувачки однос кон младите? Извадени Ви се и маската и шминката! Младите не бараат ништо друго освен тоа што сте им го ветиле“ рече Алескандар Здравевски, претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top