Дефиле за промоција на толеранција, мир и соживот

Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира ПХВ дефиле за промоција на толеранција, мир и соживот.

 |   | 

Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира ПХВ дефиле за промоција на толеранција, мир и соживот.

Дефилето под мотото „ДЕФИЛИРАЈ, НЕ СЕ ФОЛИРАЈ“ ќе се одржи на 25.09 (среда) со почеток во 11:00 и тргнување од плоштадот „Крушевска република“ (Чинар), преку чаршијата и кејот се стигнува до Холандскиот парк каде ќе има кратка забавна програма со музички точки, како и доделување благодарници на годинешните младинци вклучени во ПХВ програмата.

Ќе се дефилира со транспаренти со кои се промовира хуманост, заедништво, слога, еднаквост, хармонија, љубов и меѓусебно разбирање, а волонтерите на Црвен крст Охрид ќе им помагаат на лица со попречености и посебни потреби со цел да се поткрене свеста за нивната инклузија во општеството

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) е национална алатка за привлекување и задржување волонтери во Црвениот крст на Р. Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, како и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти, преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно додека пак за некои помошта е долгорочна. Нашите ПХВ младинци од Охрид оваа година изработија 8 проекти со кои помогнаа на наши сограѓани, а и го понесоа ПХВ пехарот како највисоко признание са најдобро изработени проекти на ниво на Р. Македонија.

Во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид, во периодот од 21-27 септември се одбележува Неделата на програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности), по кој повод се организира дефилето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top