• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Eдинаесето издание на хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“

Eдинаесето издание на хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“

Хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во организација на црвениот крст од Охрид и Стоматолошки Центар Др. Баткоски утре по единаесетти пат.

 |   | 

Се е подготвено за единаесеттото издание на хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ која во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира утре на неколку локации низ градов. Манифестацијата и оваа година се организира со поддршка на Стоматолошки Центар Д-р Баткоски, аптекарскиот брнед Виафарм и брендовите „Курапрокс“ и „Алкалоид“ како и ресторанот Виа Игнација.Манифестацијата започнува со симболичната трка од Чинарот по улицата „Македонски просветители“ до пристаништето. Понатаму сите останати дисциплини ќе се одвиваат на потегот пред градскиот плоштад и градската библиотека, рече секретарот на О.О. на Црвен крст од Охрид, Мимоза Ставрева.

„Учеството како и секоја година се обезбедува со купување на учеснички број, по симболична цена од 30 денари, со кој број или талон може да учествуваат и да се натпреваруваат и да добиваат награди и со истите учеснички броеви се уечствува понатака и во јавното извлекување на наградната игра во која доделуваме над 50 награди“ рече Мимоза Ставрева- Секретар О.О. Црвен Крст Охрид.

Ставрева откри дека за најсреќните се обезбедени зимување во Златибор, пет дневен престој во Суботица, викенд во Крушево, компјутерска галантерија, курсеви за странски јазици и многу други награди. На градскиот плоштад ќе биде направена и презентација на сите прогами кои ги спорведува охридскиот црвен крст, а Стоматолошкиот Центар Д-р Баткоски покрај вредните награди ќе дели корисни и бесплатни совети за децата и за возрасните за грижа за забите.

„Како и изминатите и оваа година Стоматолошки Центар Д-р Баткоски нема да ги изостави младите кои ќе бидат дел од манифестацијата „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ години наназад во партнерство со црвениот Крст од Охрид и оваа година подговтвивме многу изненадувања и награди како и бесплатни и корисни совети и препораки за правилна грижа и заштита на здравјето на устата и забите кај децата и возрасните“, Др. Катерина Верушевска – стоматолог Стоматолошки Центар Д-р Баткоски.

Како подржувачи на манифестацијата се јавуваат и игротеката „Вања“ и Сојузот на училишен спорт како и Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“. Манифестацијата запонува утре во 11 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top