Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за ДЕН НА СВЕТСКИОТ МИР.
Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за ДЕН НА СВЕТСКИОТ МИР. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.
Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Охрид, на 20 Септември 2019 година ( петок ) овој историски ден ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото „Глобалната климатска опасност е закана за сигурноста и стабилноста”, во нашиот град-Охрид.
Маршот ќе се одвива по ул: „Кеј Македонија” до крајната дестинација-плоштадот, т.е. пред споменикот „Св.Климент Охридски”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град