Се привршуваат градежните работи во централното градско подрачје. Се пробиваат, прошируваат и асфалтираат улици.
Се привршуваат градежните работи во централното градско подрачје. Се пробиваат, прошируваат и асфалтираат улици.
Градежните зафати ќе се одвиваат се додека Советот на град Охрид не донесе одлука за стопирање на градежните работи во централното градско подрачје. Интензивно се работи на источнотранзитната обиколница од насока од Битола кон Св Наум.
„Градежните работи на патот кој е долг 1200 метри се при крај“, вели Зоран Шикаловски од фондот за комунален развој.
Деновиве започна извршувањето на планираните работи за пробивање на улицата која директно ќе ги поврзува улиците „Партизанска“ и „Туристичка“, почнувајќи од кракот кај старата Автобуска станица и ќе минува преку улицата „Даме Груев“.
Динамиката на пробивање ќе зависи од динамиката на експропријација на земјиштето, затоа што на овој дел има повеќе сопственици на земјиште со кои не се решени имотно правните односи, вели Шикалески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град