Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески
заборавија што сè ветија дека ќе испорачаат во Баку, на УНЕСКО, на ветувањата на oхриѓани, обвини денеска на прес конференција Сашо Донев, Претседател на Ок на ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески
заборавија што сè ветија дека ќе испорачаат во Баку, на УНЕСКО, на ветувањата на oхриѓани, обвини денеска на прес конференција Сашо Донев, Претседател на Ок на ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
„Се прикрија зад Акцискиот план и спокојно уживаа гледајќи дивопоставени тезги на секој агол во центарот на градот и на бучната музика која доаѓаше од терасите и шанковите на блиските плажи, за кои ниту денар и годинава нема да е исплатен ниту во локалниот, ниту во централниот буџет.
И додека во строгиот центар на градот познатите локални шерифи и коалициски партнери на локалнта власт рушеа објекти предизвикувајќи неподнослива бука и прашина, без никаква заштита и пред очите на илјадници туристи, само на стотина метри од домот на градоначалникот, дивите шанкови, платформи, тераси, бетонски станици и објекти останаа, се разбира нечепнати.
Буково си чадеше непрекинато, а се обврзааа дека до средината на наредната година ќе биде затворено и рекултивирано. Ги „занимава” и охриѓани и гостите со поставување и ваѓање на рампите, а во стариот град и натаму вриеше од автомобили од непознати сопственици. Таксистите се разбира никој не ги контролираше на кој начин ги селектираат муштериите и како им наплаќаат. Очигледно е дека ама баш никој нема намера да ги спроведува препораките на УНЕСКО. Ќе завршат со сите активности со отсранување на последнта палма и толку.“ – кажа претседателот на оК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град