Се е подготвено за 33тото издание на Меѓународниот атлетски маратон Охрид 2019

На 8 септември, Денот на независноста, на патеката од Св. Наум до Охрид, по 33ти пат ќе се одржи Меѓународниот атлетски маратон. Меѓутоа, неизвесна е неговата судбина. Организаторите од Здружението „Охридски атлетски маратон 2012“ велат дека и покрај сите напори за одржување на оваа манифестација, ова можеби ќе биде последното издание на охридскиот атлетски маратон.

 |   | 

На 8 септември, Денот на независноста, на патеката од Св. Наум до Охрид, по 33ти пат ќе се одржи Меѓународниот атлетски маратон. Меѓутоа, неизвесна е неговата судбина. Организаторите од Здружението „Охридски атлетски маратон 2012“ велат дека и покрај сите напори за одржување на оваа манифестација, ова можеби ќе биде последното издание на охридскиот атлетски маратон.

„Сите години се судиравме со проблеми околу обезбедување на финансиски средства и повеќе немаме сили да продолжиме и понатака да се бориме. Не се потребни некои големи средства. Со 5-6 илјади евра може да се организира, но немаме постојан буџет кој би бил некоја сигурност. Секоја година кубуриме.“- изјави Пецо Неданов, прет. на ОО на меѓународен атлетски маратон Охрид 2019

Ристо Трајкоски, еден од организаторите на маратонот и основачите на Атлетскиот клуб Охрид емотивно изјави дека не може да поверува дека маратонот згаснува.

„Една таква значајна атлетска манифестација која е една од најстарите маратони на Блаканот. 33 години поминаа и 10 години имавме пауза значи повеќе од 40 години опстојуваше овој маратон и вистинска штета ќе биде за градот Охрид и Македониај да се изгуви оваа маниферстација.“ – кажа Трајкоски.

Инаку, оваа година, организаторите внесоа и неколку новини на маратонот, односно, штафетна трка 3 пати по 10км, трка за лица од 40 до 49 години, и за натпреварувачи над 50 години, кои ќе добијат медаљи за освоеното прво, второ и трето место.

„Не се знае точно бројката на учесници, преку 120-130 знаеме дека има, а уште се сумираат резултатите, до вечер ќе имаме точна бројка. Се надеваме дека ќе имаме околу 150 учесници.“ – кажа Неданов.

Наградниот фонд изнесува 500, 300  и 200 евра за прво второ и трето место. Фаворити и оваа година се кениските натпреварувачи, а за најдобрите македонски натпреварувачи обезбеден е награден фонд од 150, 100 и 50 евра. Доделувањето на стартните пакети е утре, 7ми септември, од 12 до 20ч во спортската сала Билјанини Извори, информираат организаторите.
 
Со девизата сите сме исти, преспанскиот херој Васил Јанкула, како и минатата година, така и оваа, со трицикл ќе го вози охридскиот атлетски маратон.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top