На Светското Таеквондо ИТФ првенство кое се одржа од 24 до 30 август 2019 во Пловдив, соседна Бугарија, Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ од охрдискиот клуб ХВА РАНГ ИТФ атрактивно дебитираа со нокдауни.
На Светското Таеквондо ИТФ првенство кое се одржа од 24 до 30 август 2019 во Пловдив, соседна Бугарија, Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ од охрдискиот клуб ХВА РАНГ ИТФ атрактивно дебитираа со нокдауни.
Под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски светски вицешампион Прага’96, носител на црн појас V дан, Македонската ИТФ репрезентација настапи со двајца натпреварувачи, двајцата членови на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец –Охрид , Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ носители на црн појас I дан.
Како од дебитанти не очекував некој значаен успех, вели Лазаревски, целта на учеството на ова Светско првенство беше нашите натпреварувачи да ја почувствуваат атмосферата во спортската сала и да им биде како тренинг за наредните светски и европски првенства, а воедно отидовме и во знак на благодарност на Бугарската федерација, која на нашиот турнир на 22 јуни донесе околу 150 натпреварувачи , и тоа најдобрите, при што ни дојде како пробен тест на нашите натпреварувачи.
„Сакам да им се заблагодарам лично на Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ, што направија да се гордеаме со нив, при што покажаа извонредна пожртвуваност и техника, при што дадоа неколку нокдауни, кои влегоа без трема иако за противници им паднаа репрезентативци од најјаките федерации, но за жал во четвртфиналните борби за медал загубија од судиите кои и овај пат покажаа пристрасност кон големите федерации. Иако без медал се чувствуваме исто како да сме освоиле, гледајќи ги на под натпреварувачите од Чешка,Русија , Ирска, Естонија пред нашите херои“ истакна Лазаревски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град