Потрошувачите и туристите од охридско-струшкиот регион можат да бидат сигурни во безбедноста на храната која ја консумираат, но и во квалитетот на водата за пиење, кој е одличен додаваат од Охридскитот центар за јавно здравје.
Како туристички центар Охрид е општина во која бројот на луѓе во градот во лето се зголемува, со што се зголемува и консумацијата на храна во хотелско угостителските објекти. Примероците од храна, земени од хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекџилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафетерии, маркети, како и во други објекти каде што се произведува и служи храна од страна на центарот за јавно здравје, покажале дека потрошувачите и туристите од охридско-струшкиот регион можат да бидат сигурни во безбедноста на храната.
„Немавме труења никакви, поминавме добро, тоа пред се се должи на фактот што речиси сите угостителски работници имаат поминато курс за достигнување на т.н. хигиенски минимум, имаат основни предзнаења како да постапуваат, како да го зачуваат квалитетот на храната која ја подготвуваат и производите кои што ги чуваат“, вели Др. Јованка Стурлакова Коровешовска – ЦЈЗ Охрид.
Инаку, лабораторијата за испитување на квалитетот на водите при Центарот за јавно здравје од Охрид од 2013та година се акредитираше по стандардот 17025 со соодветно решение од Институтот за акредитација на Република Македонија и таа ја спроведува и контролата и испитување на квалитетот на водите за пиење, површинските и сите видови на води. Доктор Стурлакова вели дека и микробиолошките и хемиските индикатори покажале дека водата за пиење од градскиот водовод е здравствено безбедна и квалитетна.
„Квалиетот на водата од градскиот водовод редовно се хлорират, ја има потребната концентрација резидуален хлор“, објаснува Др. Јованка Стурлакова Коровешовска – ЦЈЗ Охрид.
Високите температури сеуште траат, а поради тоа сеуште важи апелот на лекарите да избегнуваат храна која содржи јајца, да не се купуваат производи од животинско потекло кои се продаваат на отворено и во несоодветни услови, да се проверува рокот на производите , зеленчукот и овошјето добро да се мијат и посебно да се обрне внимание на хигиената при подготвување храна и миењето на рацете. Казните за несоодветно чување и постапување со храна,се големи и се движат и до 5000 евра во денарска противредност.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град