Се заокружува проектот за управување и одржливо користење на најголемиот зачуван блатен сиситем во Mакeдонија, Белчишкото блато. Здружението „Екотуризам 2016“ спроведе голем број проектни активности со цел валоризација, заштита и промоција на овој значаен билошки и хидролошки локалитет во Општина Дебрца.
Во подножјето на Илинска Планина, под нејзиниот западен огранок Габер се наоѓа Белчишкото блато. Блатото се потхранува од најмалку 11 карстни извори познати како Сини Вирој и се протега на околу 137 хектари што го прави најголемото блато во Македонија. Во септември ќе биде закружен проектот за подобрување на управувањето и одржливо користење на ова блато. Нешто повеќе од една година, здружението „Екотуризам 2016“ со помош од UNDP спроведе голем број активности во насока на валоризирање и заштита на овој значаен локалитет како мониторинг на растителни, животински видови и евловата шума, поставување видиковци, кула за посматрање на птици, информативни знаци и табли, истражување на социо-економското значење на блатото,
„Исто така мошне важна компонента е тоа што изработивме и мапи на блатото. За прв пат се изработени прецизни детални мапи врз основа на споредби на сателистки снимки од 1984 год. до 2019та и добиени се нови сознанија за површината на блатото која што сега изнесува 137 хектари вклучувајќи ја и евловата шума која што е 28,2 хектари и како таква е најголема површина под евлова шума во Македонија. – објаснува Ѓоко Зороски – проект менаџер
Голем број од активностите во проектот се однесуваат на подигнување на јавната свест за значењето на блатото и негова промоција. Изработен е документарен филом кој излезе неодамна. Изработена е веб страна (belciskoblato.mk) на која се достапни сите информации за блатото и за проектот. Ќе се изработи и промотивен материјал како разгледници и маици.
„ А последни активности ни се изработка на две брендирани автобуски постојки во Ботун и Белчишта како и набавка на рачна опрема за гаснење пожари која е неопходна на општина Дебрца. Така што овој проект претставува чекор напред кон прогласување на Белчишко Блато за национачно заштитено подрачје, бидејќи во овој момент тоа е само дел од т.н. Емералд мрежа на заштитени подрачја во Македонија но сеуште нема статус на заштита во законски рамки во државава. А е многу важно затоа што е идентификувано како подрачје значајно во европски рамки од европската кохерентна мрежа НАТУРА 2000 на заштитени подрачја. “ – вели Зороски.
Проектот започна во мај 2018 г., финансиран е од ЕУ а здружението „Екотуризам 2016“ го спроведе во соработка со канцеларијата на UNDP, Скопје,и поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање. Зороски вели дека Здружението во сите проектни активности имало голема помош и поддршка од страна на Општина Дебрца и градоначалникот Зоран Ногачески кои во иднина ќе бидат управувачи со Белчишкото блато и ќе остваруваат бенефит од туристички или научно истражувачки посети на овој значаен биолошки и хидролошки локалитет.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град