Голем интересот за Купи куќа-купи стан, изготвен и нов прирачник

За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем.

 |   | 

За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем.

Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете е причината за големиот интерес.

Согласно новите услови каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9%, а за третата и четвртата година 3,9%.

Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата сега ќе изнесува 4% за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за 6-месечен еурибор.

За младите до и со наполнети 35 години се воведе нов модел „Купи стан за млади“. Притоа, корисниците кои ќе го одберат моделот „субвенција на ратата“, од државата ќе добијат субвенции во висина од 70% од ратата. Така на пример, за кредит од 50.000 евра вкупниот износ на субвенцијата изнесува 11.900 евра.

Оние, пак, што ќе го одберат моделот за помош при отплата на учеството, од државата ќе добијат субвенција во висина од 70 проценти од учеството за станот. За кредит од 50.000 евра, државата ќе субвенционира 8.750 евра.

Дополнително корисниците на субвенциониран станбен кредит, за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30%.

Новина има и кај моделот „Купи куќа за возраст над 35 години“. Сега оние кои ќе аплицираат за овој модел ќе добијат поголема субвенција.

За лицата над 35 години за изградба или купување на нова куќа, ќе се субвенционира 80% од месечната рата во период од пет години, или 80%од учеството за куќата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top