Каква ќе биде судбината на платформите од угостителските објекти

Каква ќе биде судбината на платформите од угостителските објекти зависи од акцискиот план за спроведување на препораките од УНЕСКО кој в четврток ќе се најде пред охридските советници. Засегнатите угостители денеска на средба со градоначалникот и претставник од Министерството за транспорт и врски ги изнесле своите видувања за проблемот со платформите во езерото.

 |   | 

Угостителите кои имаат објекти со платформи во езерото денеска на нивна иницијатива беа на средба со градоначалн икот Константин Георгиески и претставник од Министерството за транспорт и врски. Каква ќе биде судбината на платформите, дали тие ќе се рушат зависи од одлуките кои ќе бидат донесени на седницата  на градскиот Совет во четврток кога на дневен ред е акцискиот  план за препораките од унеско. Засегнатите угостители велат дека се зависи од тоа како акцискиот план ќе биде презентиран пред советниците а нивниот став по истиот  ќе биде клучен со каква визија ќе се соочи Охрид во неговиот развој.

„Нашите прашања беа дали се платформите бидејќи за нив исклучиво беше средбата , дали се платформите некој камен на сопнување во врска со УНЕСКО итн, се сложивме дека за тоа и нивниотѕ статус ќе оставиме простор и време да видиме како ќе се изготви акциониот план. Може да оди во една или во друга насока, додека не се изготви таквиот план, ние немаме никаков основ за реакција.– изјави Михаил Мишев –претседател на Здружението на угостители „Охридски Еснаф“

Од еснафот на угостители  се надеваат на ревизија на Акциски план за спроведување на препораките на УНЕСКО. Тие имаат и свој предлог за  платформите.

„Двете варијанти се секогаш или ќе се рушат или нема да се рушат , тоа фактот ние сега гледаме да видиме во иднина ако е еколошки неиздржана работата да видиме дали може да направиме еколошки позитивни платформи или ако се сипостави дека сегашните се еколошки неприфатливи да ги замениме со еколошки прифатливи или воопшто нема да има платформи значи се чекаме да видиме акко ќе биде разврската со акциониот план.- вели Мишев.
 
Од еснафот велат дека решенијата за рушење кои ги добиле сопственици на објекти со платформи се валидни но ќе почекаат да видат како ќе се одвиваат работите и дали разврската ќе биде рушење. Инаку, во тек е ревизија на регистарот на дивоградби , односно евалуација на влијанието врз животната средина  на бесправно изградените објекти во заштитениот појас на езерото, Галичица и стар град. Во тек е и постапката за избор на фирма која треба да ги руши дивоградбите.  На тендерот интерес пројавиле две фирми од кои една на советникот Нефи Усеини  за што Антикорупциска утврди судир на интереси и предупреди дека општината не смее да склучи договор со таа фирма.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top