Со погребално возило и камион за подигање на сметот, денес вработените во Комунално повторно на протест.
Со погребално возило и камион за подигање на сметот, денес вработените во Комунално повторно на протест.
Со мирен штрајк низ струшките улици бараа да им се исплатат ветените плати. Својот револт го искажаа преку мирен протест по струшките улици и пред општинската зграда. Велат дека се револтирани бидејќи првиот човек на претпријатието за ТВМ кажа оти ќе им исплати една плата на вработените иако до денес не е исполнато ветувањето.
„Со тоа што директорот не се придржуваше на ветувањето, ја прекрши претходно потпишаната спогодба со вработените, велат тие. Доколку во иднина продолжиме со протестите и не ги извршуваме нашите секојдневни обврски тогаш на градот му се заканува голема опасност“, предупредуваат вработените.
Вработените ќе отпочнат со работа штом им се исплатитат барем дел од заосттанатите 8 плати, информираат тие.Инаку, денес вработените повторно се состанаат со директорот на Комуналното претпијатие.
Џила се надева дека за скоро време ќе се реши овој проблем и вработените ќе продолжат со извршување на своите секојдневни обврски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град