Во Локалната самоуправа, во јавните пртпријатија во градов како и во градскиот совет има многу помалку жени отколку мажи на раководни места.Родовата еднаквост сеуште е тема на која треба да се работи па затоа во градов се одржува три дневна работилница за родовите индикатори, родовите показатели и родовата статистика.
Во Локалната самоуправа, во јавните пртпријатија во градов како и во градскиот совет има многу помалку жени отколку мажи на раководни места. Само во секторот за образование и здравство има раководител од женски пол. Стереотипите наметнати од минатото и поделбата на машки и женски професии тешко се надминуваат. Родовата еднаквост сеуште е тема на која треба да се работи па затоа во градов се одржува тридневна работилница за родовите индикатори, родовите показатели и родовата статистика.
На работилницата учествуваат преставници од локалната администрација и од Советот на Општина Охрид кои ќе ги анализираат општи нските програми дали ги задоволуваат потребите на мажите и жените. Врз основа на добиените сознанијата ќе се креираат нови мерки со кои ќе се влијае на затекнатата состојба, а потоа ќе се обезбедуваат и средства со кои ќе се спроведат мерките.
Буџетските средства со кои располага Општина Охрид ги распределуваме рамномерно според потребите на мажите и жените и велиме дека имаме родово одговорен буџет, вели Марија Ристовска- ментор на проектот за Охрид.
За да се креира реален буџет многу важно е да се располага со точни податоци кои се поделени по пол. Административците ќе се обучуваат како да го прават тоа и како да ги детектираат недоследностите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град