Концерт за виолончело и пијано на „Охридско лето“

Концерт за виолончело и пијано на „Охридско лето“ , вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“. Руските уметници, виолончелистот Денис Шаповалов и пијанистот Александар Вершинин вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ најавуваат вистинско музичко доживување.

 |   | 

Концерт за виолончело и пијано на „Охридско лето“ , вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“. Руските уметници, виолончелистот Денис Шаповалов и пијанистот Александар Вершинин вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ најавуваат вистинско музичко доживување.

Она што го издвојува Шаповалов од останатите надарени виолончелисти во светот е неговото комплексно продирање во суштината на делата кои ги изведува, неверојатната техника и исклучителна експресивност. Настапува на значајни интернационални фестивали во Русија, Франција, Италија, Германија, Австрија, САД, Јапонија и Кина, а соработува и со истакнати оркестри од цедлиот свет.Покрај како солист, Денис Шаповалов, гради кариера и настапува и како диригент, одржува мајсторски курсеви и компонира. Неговите дела се одлично примени од страна на критиката и публиката.

Рускиот пијанист Александер Вершинин е роден во 1965 година во Москва. Дипломира и магистрира со почести на Московскиот конзерваториум по што му е доделено професорско место, а од 2009 година има своја класа на Универзитетот Сакујо во Јапонија. Репертоарот на Вершинин вклучува музика од различни жанрови, од класични дела се до џез импровизации. Тој е основач и уметнички директор на различни проекти меѓу кои крос-овер фјужн проекстот „Индија во Сино“, „Класика и џез“, како и серијата класични концерти со наслов „Историски концерти“. Неоговото авторско дела „Свита Бајки“ за соло глас, саксофон, џез пијано трио и гудачки оркестар се здобива со одличен прием кај публиката но и кај стручната музичка јавност во Русија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top