Нов селектор на македонската фудбалска репрезентација е Мирсад Јонуз, одлучи попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Нов селектор на македонската фудбалска репрезентација е Мирсад Јонуз, одлучи попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Јонуз, кој досега ја предводеше репрезентацијата до 21 година, доби доверба од Управниот одбор (УО) на ФФМ да го предводи националниот тим до крајот на квалификацискиот циклус за СП 2010г.
УО ги прифати неговите услови, 5 илјади евра годишна плата и избор на свои соработници, соопшти ФФМ.
Јонуз ќе дебитира на селекторското место на квалификацискиот дуел против Норвешка,што ќе се одигра на 6 јуни во Скопје.
Во конкуренција за нов селектор на местото на словенецот Сречко Катанец беа и македонските тренери Чедомир Јаневски и Вујадин Станојковиќ, како и неколку странци, меѓу кои и прославениот Олег Блохин.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град