12 тезги ќе бидат поставени на паркингот кај Ваикики

На паркингот кај Ваикики наместо автомобили ќе има тезги. Од ЈП „Градски пазар“, кое стопанисува со просторот велат дека ќе праватмини базар, па сите продавачи на храна и сувенири кои сега се распрскани низ чаршијата ќе бидат стационирани таму.

 |  Јаковлева Лионела  | 

12 тезги ќе бидат поставени на паркингот кај Ваикики. На овој простор наместо автомобили ќе има мини базар. Од ЈП „Градски пазар“, кое стопанисува со просторот велат дека утре е последниот ден за доставување документација, а после тоа ќе биде аукцијата по што ќе следува склучувањето на договорите со заинтересираните лица.

Таа локација со оглед дека е доделена за поставување урбана опрема нема повеќе да биде паркинг па сите продавачи на храна и сувенири кои сега се распрскани низ чаршијата ќе бидат стационирани таму, вели Кристина Крлеска Деспотоска, директорката на ЈП „Градски пазар“.

Тезгите ќе бидат поставени од двете страни на сегашниот паркинг и ќе се унифицирани. Самиот влез од страната на Македонски Просветители ќе биде слободен, нема да има проблем за ако има потреба да влезе некое возило или пак да можат да функционираат околните куќи.

Не дај боже да треба да влезе пожарна или брза помош ќе има пристап во секој момент, а во одреден временски период ќе може да се врши и дотур на стока до околните продавници и бутици, а останатиот дел од денот тоа ќе биде шеталиште, вели Крлеска Деспотоска.

Од ЈП „Градски пазар“ најавуваат дека за наредното лето планираат да направат специјални куќарки кои воедно ќе бидат и тезги за продажба по теркот на европските туристички центри со што овој дел од центарот на градот би добил еден убав урбан лик.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top