Раномирани светски готвачи и шефови на кујни ќе бидат дел од Четвртиот Интернационален гастрономски натпревар – „Гастро Мак”, кој ќе се одржи од 10-ти до 14-ти октомври 2019 година во Охрид. Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.
Четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „Гастро Мак“ 2019 ќе се одржи во Охрид. Во петте фестивалски денови ќе учествуваат над 400 натпреварувачи, судии, гастрономски амбасадори на ВАКС, светската асоцијација на готвачи и почесни гости од над 35 земји со што во Охрид всушност ќе биде дојден светскиот гастрономски крем. Тоа ќе биде годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од глобални размери.
Претседател на судискиот одбор на Гастромак 2019 ќе биде иконата на гастрономијата на поранешна Југославија, Стево Карапанџа кој ќе раководи со педесеттина светски врвни судии и мастер клас предавачи, Адријана Алачки- претседател на „Гастро Мак„.
Според Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески интернационалниот гастрономски натпревар „Гастро Мак” значително ќе придонесе за унапредување на гастрономската понуда и ќе ги промовира техниките за подготовка на храна, кои ги применуваат најпознатите светски готвачи. Тој смета дека угостителството е исклучително битен елемент во еден комплетен туристички производ, па затоа Охрид како најважен туристички центар во нашата земја треба да биде лидер во делот на осовременување на целокупната гастрономска понуда.
Ние како локална самоуправа и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме подготвени за поддршка на вакви настани, кои се во насока на промоција на Охрид како туристички центар и настани кои придонесуваат за збогатување на туристичката понуда на напиот град надвор од шпицот на летната туристичка сезона, истакна Георгиески.
Кластерот 1 е задолжен за анимацијата на гостите на овој настан па има испланирано повеќе активности преку кои ќе ги запознае учесниците со убавините на Охрид.
Во склоп на манифестацијата ќе се одржи и Фиш фестивалот во органиозација на големиот руски гастроном Дон Давид, а на него ќе готват повеќе од десетина мишелини и старс готвачи. На крај од оваа манифестација ќе се додели и гранд при награда за најдобар готвач на интернационално ниво, на државно ниво и најдобар ресторан и угостителски објект.„Гастро Мак” ќе се одржи од 10-ти до 14-ти октомври 2019 година во хотел Нова Ривиера.
Сакаме целото наше искуство да го надоградиме и овогодинешниот настан да се одржи на највисоко ниво. Гостите сакаме да ги запознаеме со македонската традиционална кујна, а да го покажеме и нашето традиционално гостопримство, рече директорот на хотел Нова Ривиера, Јане Тодороски.
Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и Општина Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град