Третото издание на Атлетскиот викенд Охрид трчаТ, помина беспрекорно. Многубројните учесници не ги спречи ниту дождот за да истрчаат на петкилометарската или десеткилометарската патека низ улиците на градот. Организаторите веќе го најавуваат четвртото издание на оваа манифестација кое по многу параметри ќе биде за паметње. Се планира да се одржи полумаратон со должина од 21 километар.
Охрид сеуште трчаТ. И по завршувањето на третото издание на Атлетскиот викенд Охрид трчаТ коментарите не стивнуваат, а импресиите се сеуште силни. И покрај дождот кој врнеше за време на целиот настан, се помина беспрекорно. Предизвикот за организаторите беше уште поголем, а учесниците во суперлативи зборуваат за спортската манифестација. Годинава на „Охрид трчаТ“ беа пријавени 1.585 натпреварувачи. Најголемиот дел од нив истрчаа до крај и на двете патеки, едната со должина од 5 километри, а другата со должина од десет километри.
На десеткилометарската патека победија најдобриот македонски атлетичар Дарио Иваноски и српската атлетичарка Теодора Симовиќ
Ивановски делницата ја помина за 31 минута и 55 секунди и стигна до втората победа на „Охрид трчаТ“. Ивановски победи во првото издание одржано 2017 година. Симовиќ десетте километри ги истрча за 37 минути и 56 секунди. На рекреативна трка во должина од пет километри прв на целта во машка конкуренција стигна Кристијан Стојани со време (18:33), а Елена Даниловска беше најдобра во женска конкуренција со време (24:17). Во машка конкуренција на тим билдинг трките на 10 и 5 километри победници се „Делта“ односно „Ласовски Дентал“, додека во женска конкуренција на 10 километри најбрзи беа членовите од „Најк Ран клуб“, а на пет први финишираше екипата од „Костал“.
Инаку Охрид трчаТ започна во саботата со ноќната трка на која учествуваа стотици охриѓани и гости, а атмосферата кулминираше со настапите на Ди-џејот Ванчо Јованоски, групата Броз и Никола Тони Перкашен. Целиот позитивен амбиент беше заокружен со огномет и “баклијада” на навивачката група “Рибари”.
Организаторите веќе го најавуваат четвртото издание на оваа манифестација кое по многу параметри ќе биде за паметње. СЕ планира да се одржи полумаратон со должина од 21 километар со што ќе се направи голем чекор напред кон приклучувањето на Охрид во атлетска елита. Четвртото издание ќе се одржи на 7 јуни, а дополнително ќе се објави програмата и концептот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град