Се пробива врската помеѓу „Партизанска“ и „Туристичка“

Деновиве започна извршувањето на планираните работоти за пробивање на улицата која директно ќе ги поврзува улиците „Партизанска“ и „Туристичка“ почнувајки од кракот кај старата Автобуска станица и ќе минува преку ул.„Даме Груев“.

 

 |  Татјана Маленкова  | 
trotoar
тротоар

Деновиве започна извршувањето на планираните работоти за пробивање на улицата која директно ќе ги поврзува улиците „Партизанска“ и „Туристичка“ почнувајки од кракот кај старата Автобуска станица и ќе минува преку ул.„Даме Груев“.

ulicaОваа улица е предвидена со своевремено донесениот Детален Урбанистички План за оваа урбана заедница два, но досега немаше реализација заради нерешени имотно-правни односи. Со залагање на градоначалникот Петрески, имотно-правните односи се решени за пробивање на проектираната улица во прва фаза. Тоа подразбира пробивање од „Димитар Влахов“ (каде сега се работи) до „Даме Груев“. Работите треба да завршат за месец дена бидејќи од 1. Јули, со одлука на Советот, забранети се градежни работи во централното градско подрачје.
Од тие причини и втората фаза односно пробивањето до „Туристичка“ ќе се изведе по летната сезона.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top