Со европски пари ќе се воведат нови туристички содржини на Слатинско Езеро

Презетиран проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.

 |   | 

Презетиран проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Општина Дебрца аплицираше со проектот: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион” и со одобрените околу 20.000 CHFтреба да се внесат нови туристички содржини на Слатинско Езеро . Имено со автохтон камен ќе се уреди пешачка патека во должина од 150 метри, ќе се изгради паркинг, три летниковци и ќе се постави урбана опрема, а новата патека ќе се постави на Андроид ГИС апликацијата „Macedonia attractions“.

Потоа во соработка со АД “Водостопанство на Македонија”, кое стопанисува со овој воден ресурс, а по завршената санација на браната ќе се изврши чистење на езерото од вегетацијата , за да се врати неговата природна убавина.

Во грантовата шема за иновативни проекти аплицирано е со проектот: „Визуелизација на туристички атракции во Југозападниот плански регион”, а со одобрените средства ќе се набави инфо киоск, кој ќе се постави, пред општинсклата зграда, во село Белчишта, со текстови и фотографии на туристички атракции во општина Дебрца, со превод на содржините на англиски јазик, софтверско решение за презентација на туристичките атракции, односно ќе се обезбеди достапност до информации преку инфо точките за граѓаните и туристите. За овој проект се обезбедени околу 40.000 швајцарски франци за општини Дебрца, Дебар, Вевчани и Македонски Брод.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top