• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Трендафилов Нанче: Граѓаните кои ми ја дадоа поддршката да гласаат онака како што им налага нивната душа, срце и разум

Трендафилов Нанче: Граѓаните кои ми ја дадоа поддршката да гласаат онака како што им налага нивната душа, срце и разум

Првиот круг од локалните избори заврши, на запад ништо ново, се е веќе видено, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче кој според освоените гласови не успеа да влезе во вториот круг од изборите.

 |   | 

Првиот круг од локалните избори заврши, на запад ништо ново, се е веќе видено, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче кој според освоените гласови не успеа да влезе во вториот круг од изборите.  За гласовите кои ги доби, рече дека тоа се 1700 кристално чисти охридски бисери, гласови богатство, бисери кои му давале за право да мислаи дека во Охрид конечно се раѓа нешто ново, дека изгрева зората на слободата.
„ Вистината сите ја сакаат но повеќе и веруваат на лагата, сметам дека со тоа се е кажано. Се чувствувам како морален победник, наспроти тендерските богаташи. Друга приказна е што денес моралот се доживува како маана. Горд сум што во оваа трка влегов со ГДУ, партија авангарда од млади луѓе полни со љубов, вистина, ентузијазам без никакви хипотеки, апртија која ја следи идеологијата на ЦДУ на Ангела Меркел, партија со претседател од модерен, европски ков. Семето е посеано. Ги повикувам граѓаните кои во првиот круг ми ја дадоа поддршката, достоинствени и горди какви што се, да гласаат онака како што им налага нивната душа, срце и разум. – кажа Михаил Трендафилов Нанче – ГДУ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top