Дебата

Кандидатите за градоначалник на Охрид, Стевче Стевоски од Демократи, Михаил Трендафилов Нанче од ГДУ, д-р Константин Георгиевски од СДСМ и д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ на ТелевизијА ТВМ дебатираа за проблемите со кои се соочува градот и охриѓани како и за можните решенија содржани во изборните програми. На крајот на дебатата ги запрашавме доколку не би се кандидирале за градоначалник за кој од останатите би го дале својот глас. Добивме интересни одговори.

 |  Јаковлева Лионела  | 

За проблемите со кои се соочува градот и охриѓани како и за можните решенија содржани во изборните програми дебатираа кандидатите за градоначалник на Охрид, Стевче Стевоски од Демократи, Михаил Трендафилов Нанче од ГДУ, д-р Константин Георгиевски од СДСМ и д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ. Четворицата од вкупно пет кандидати кои ја прифатија поканата за учество во дебатната емисија на Телевизија ТВМ пред присутните граѓани во салата на центарот за култура Григор Прличев и гледачите на ТВМ ги спротиставија своите ставови и мислења на повеќе актуелни теми. Пред новиот градоначалник претстои мандат од две години а советот е веќе формиран. Првото прашање до кандидатите кои или доаѓаат од партии кои се вон парламентот и градскиот совет и кандидатот од ВМРО која нема мнозинство во советот беше како планираат да ги туркаат проектите кои ги ветуваат односно каква соработка очекуваат со советот.

Додека не расчисти овој народ со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ градот и понатаму ќе пропаѓа. Ако не се издигнеме над партиската определба не мошеме да размислуваме за развој на градот, рече Стевоски.

Тука е посебниот предизвик. Јас ако ме пратите добро во оваа кампања секогаш го сакам обединувањето. Јас ќе бидам обединител, рече Нанче.

Ако некој проба да ми пречијас секогаш сум изнаоѓал алтернативни решенија и алтернативни патишта за изнаоѓање решение, рече Милошевски.

Пријатно сум изненаден од функционирањето на советот и се надевам дека тоа ќе продолжи така и во иднина, а што се однесува до мнозинството тоа е минлива категорија во политиката, вели Георгиески.

Најголема главоболка на оној кој ќе седне на посакуваната градоначалничка фотелја е долгот. Процесот на раздолжување на најзадолжената општина во државава со помош од владата започна но новиот градоначалник го очекува период на стискање на ременот и менаџирање на преостанатиот долг до конечно одблокирање на сметката.

Владата на РМ треба да ги раздолжи сите општини, но со една обврска тие во одреден временски период, процентууално да ги вратат средствата назад во буџетот на РМ, вели Стевоски.

изјава нанче23.18 Дури не сфатиме дека некој мора да одговара за направените криминали, ништо не ќе направиме. Но за жал 24год. Никој не понесе одговорност за направениот долг, вели Нанче.

Јас давам збор дека во првите четири месеци ќе го повикам Државниот завод за ревизија кој е најстручен за оваа пшроблематика и ќе барам од него да ми даде точен извештај колку должи оптината и со колку средства располага, вели Милошевски.

Апсолутно ве убедувам дека ако до сега успеавме од 1милијарда и 600 000 000ден. Да стигнеме до 530 000000ден. долг дека на крајот на две и пол годишниот мандат опшштина Охрид ќе има деблокирана сметка, рече Георгиески.

Урбанизмот, урбанистичките решенија кои се штетни за Охрид и пренатрупаноста со градби уште една жешка тема на која дискутираа кандидатите.

Најповеќе градов има зијан од урбаната мафија. И криминалците најголема заработка имаат преку урбаната мафија, тврди Стевоски.

Ги поминав сите институции и видов како има спрега и меѓу старата и меѓу новата власт, видов какви се пазарења се прават и тоа за градов е една катастрофа, вели Нанче.

Тој дел ќе биде најтежок, но јас сум подготвен да формирам групи од нашата администрација кои ќе го водат овој случај и на крај ќе бидеме чисти, вели Милошевски.

Спрегата на општинските институциии другите органи треба да биде многу подобар. А ГУПОТ не е донесен не поради кочење од поединци туку е во повеќе наврати оспоруван од Министерството за образование бидејќи со новиот ГУП е предвудено префрлање на средното угостителско училиште во простории на некогашната касарна, вели Георгиески.

Заложбите на сите да направиме подобра општина се залудни доколку и понатаму имаме масовно отселување на младите од градов. Кои се визиите на кандидатите за градоначалник за задржување и враќање на младите во Охрид.

Ние мораме конечно во Охрид да го формираме тој локален совет кој ќе дава напатствија за еден континуиран економски развој, зa отварање бизниси, особено мали и средни во кои нашите деца ќе си го најдат своето место, вели Милошевски.

Ние како Локална самоуправа мора да створиме амбиент за сите млади да имаат перспектива. На пример ако една фирма која функционира во Скопје и во која се вработени млади луѓе ја донесеме во Охрид тогаш ќе отвориме можност за работа кај нас, вели Георгиески.

Кандидатите дискутираа на уште неколку теми кои се суштински за градот како што е туризмот, образованието, а одговараа и на прашања на публиката. На крајот на дебатата ги запрашавме доколку не би се кандидирале за градоначалник за кој од останатите би го дале својот глас. Добивме интересни одговори. Стевоски би гласал за Нанче, Нанче за Стевоски, Милошевски за Нанче, а Георгиевски за Милошевски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top