Ангелеска: Ефикасна општина по мерка на граѓаните

Ефикасна општина по мерка на граѓаните е дел од  предизборната програма на кандидатот за Градоначалник од СДСМ,  Константин Георгиески. Географско Информативен Систем, апликација за електронско плаќање комуналии,  зголемување на капацитетот на месните и урбаните заедници,  посебни инфо пултови и приемни шалтери во општинската зграда се дел од мерките за достапна и транспарентна општина, кои ги презентираше Живка Ангелеска.

 |   | 

Општина по мерка на граѓаните преку соодветни мерки за поголема ефикасност на општинската администрација е целта на кандидатот за Градоначалник Константин Георгиески и неговиот тим.  Живка Ангелеска од ОО СДСМ која што презентираше дел од предизборната програма на кандидатот Георгиески кажа дека веќе се работи на  воведување на електронскиот систем„Муни“, кој  преку  Апликацијата за смарт уреди ќе биде достапна за граѓаните  при што електронски ќе можат да плаќаат сметки за комунални услуги или да комуницираат директно соопштинските служби.
 
„Исто така со цел да се подобрат опшинските услуги планирана е имплементација на Географско Информативен Систем (ГИС), кој ќе содржи просторно лоцирани ГИС бази на податоци за територијата на општина Охрид. Тие ќе бидат распоредени за користење во главните сфери на интерес и за различни намени како што се урбани единици, улици, градежни парцели,објекти и подземен катастар. За изработка на ваквите бази на податоци, општината веќе има аплицирано на проект кој ќе биде реализиран со средства од странски фондови.“-Живка Ангелеска – ОО СДСМ.

Во насока на зголемување на нивото на транспарентноста на општината, Ангелеска кажа дека е обновена општинската веб страна. Планирани се и  мерки за зголемување на капацитетот на месните и урбаните заедници, преку обука на членовите на месните управи. Целта е да се зголеми нивото на партиципативност во донесување на одлуките на локално ниво, потенцира Ангелеска.

„Во рамки на општинската зграда, во иднина е планирано обезбедување на посебни инфо пултови и приемни шалтери на кои граѓаните ќе можат полесно да се информираат и да бидат упатени како најлесно да можат да ги завршат своите обврски. Ќе биде воспоставена и ефикасна телефонска и електронска комуникација преку отворени телефони за прашања и поплаки.“ кажа Ангелеска.

Постојано сме отворени за соработка и подготвени да се менуваме и подобруваме заедно со вас граѓаните и со вашите предлози, порача Ангелеска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top