Праг на толеранција во љубовта меѓу младите

Немилите настани кои се случија во Охрид, причина црвениот крст да ги соочи стучните лица и младите.

 |  Татјана Маленкова  | 

„Не е љубов ако има насилство“, е темата на трибината која ја организира Црвениот крст за младите но и нивните родители. Трибината е намената за врската кај младите, велат волонтерите од црвениот крст.

„Потикнување на размислување, препознавање и превенција, во насока на развивање на здрави односи во врската, е нашата цел“, вели координаторот на тимот за подрка кој работи во склоп на проектот за интензивна надградба на капацитети.

koordinatoriКако учесници благовремено биле поканети ученици од сите основни и средни училишта, наставниот кадар, советите на родители, студентите и невладиниот сектор.

Покрај оваа, ОО на црвениот крст, денеска спроведе уште една активност. Во рамките на здравствено превентивна дејност во одделот за превенција од туберколозата, Црвениот крст, во соработка со институтот за белодробни заболувања од Скопје, денеска спроведе бесплатно флорографно снимање на белите дробови со мобилно возило. 100 Охриѓани од ризични категории наркомани, ромска популација и вработени во фабриките кои се изложени на повисок физички ризик,имаа можност да направат контрола на белите дробови.

Оваа активност ќе покаже дали оваа подмолна болест е околу нас, затоа што последните анализи покажуваат дека туберколозата сеуште постои.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top