• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Реконструкција на плоштадот „Крушевска Република” содржи програмата на кандидатот Константин Георгиески

Реконструкција на плоштадот „Крушевска Република” содржи програмата на кандидатот Константин Георгиески

Плоштадот „Крушевска Република” и неговата реконструкција, тема на денешната прес конференција на СДСМ и коалицијата.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Реконструкција на плоштадот „Крушевска Република” како едно од најрепрезантативните места во Охридското централно подрачје, дел од предизборната програма на Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на СДСМ и коалицијата. Сегашниот изглед со целокупната инфраструктура, постоечката фонтана и урбаната опрема на овој плоштад не се на задоволително ниво и истите се во лоша состојба, па оттука се јавува потреба од нивно реконструирање, рече Филип Јовановски од ВМРО НП, кој го презентираше проектот.
Уредувањето на овој плоштад ќе придонесе за создавање поубав амбиент за одмор и прошетка наохриѓани и туристите и место каде што ќе може поефикасно да се организираат настани и манифестации особено во текот на летната туристичка сезона, рече Јовановски.
Веќе е изготвено Идејно решение за плоштадот Крушевска република, а во завршна фаза е Проектот за реконструкција на плоштадот.
Со реконструкцијата се предвидуваатнови содржини кои ќе бидат во согласност со стандардите за заштита на културното наследство и една нова понуда која во текот на целата година ќе ги привлекува домашните и странските посетители, кажа Јовановски.

Потенцира дека целта е јавните површини во Охрид да добијат современ лик достоен за еден туристички и културен центар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top