Невладите организации се здружија со цел да го исчистат езерото од цврст отпад.
Акцијата ќе се одржи утре на потегот од градското пристаниште до сараиште. Организарите апелираат кон оваа еколошка акција да се вклучат и граѓаните.
Водата – извор на животот е прокт на сојузот за подводни активности на Р Македонија, лајонс клубот Лихнидос, Ротари клубот Охрид и Лајонс клубот Десарети. Овие невладини организации се здружија со цел да спороведат акција за цистење на езерото од тврд отпад на потегот од градското пристаниште со сараиште. Подржувачи на проектот се културниот центар медиа артест, црвениот крст еколошките друштва и лео клубот од Охрид. „Акции за чистење на Охридското езеро имавме во неколку наврати, со цел да го одржиме еко системот и водата како еден од изворите за живот“, вели Диел Аголи, потпретседател на Лајонс клуб Лихнидос и координатор на акцијата.
„Целата е да се задржи 3 % од водените базени на питка вода.“
Убаво е кога повеќе невладини организации учествуваат во иста акција. Иако е водата извор на живот, нетреба на тоа да се присетуваме само еден ден во годината, вели претседателот на сојузот на подводни активности. Чистењето не е суштината на нашата акција, основна наша задача е граѓаните да ги научиме како да се однесуваат со оваа водена убавина, која за жал не ја почитуваме доволно, вели тој.
„Нашата акција треба да продолжи постојано. Мотото е колку сме несвесни за еколошката свест.“
Со отпадот кој ќе биде изваден од езерото, актери од културниот центар медија артест, на лице место ќе изведат креативна инсталација.
„Со вадење на ѓубрето мослам дека ќе ја развиеме еколошката светст. Ќе исптратиме силна порака до сите што ќе ја погледанат витината в очи.“
Клубот Ротари од Охрид по втор пат годинава учествува во ваква акција. Во 2006 год, тие го подржаа сојузот за подводни дејности, нуркачкиот клуб од Охрид.
„Мотото на ротари е заштита на природните богатства со посебен акцент заштита на водата.“
Нашите делувања во областа на социјалната свера се познати. Сега сакаме да ја подигнеме и еколошката свест на граѓаните, вели Ивица Ераковиќ, од Лајонс клубот десарети и Лео клуб Охрид.
„Оваа акција е да го заштитиме езерото. Многу е значајно да не ја треба да се чисти повторно.“
Акцијата за чистење на езерото ќе се спроведе утре на градското пристаниште. Локлацијата е одбрана според информациите на нуркачите кои тврдат дека ако се исклучат Трпејца и пештани, тука има најмногу цврст отпад. Во акцијата ќе бидат вклучени и волонтерите од црвениот крст кои ќе поделат од 5 до 7 илјади флаери. Се надевеме дека на овој начин ќе ја разбудиме светста на граѓаните. Желба ни е оваа акција да преостане традиционална,велат организаторите на акцијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град