Охрид, но и Македонија остана без еден научник, археолог истражувач, визионер и конзерватор. Синоќа на 67годишна возраст почина познатиот охридски историчар на уметност, Гоце Ангеличин Жура.
Синоќа на 67-годишна возраст почина познатиот охридски историчар на уметност, Гоце Ангеличин Жура.Роден е 1951 година. Основно и средно образование завршил во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет, група Историја на уметност со археологија, прва генерација. Работниот ангажман го започнал во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид, со звање советник конзерватор каде останал до самото пензионирање. Жура посебно се истакнува како основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Тој е и прв истражувач на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе што резултира со откривање на нови ликови на Светите Климент и Наум. Од истражувањата направена е богата фото документација која и тоа како е значајна за идните генерации и науката во целост.
Поради стручната и научна активност и големите достигнувања, застапен е во Првата Македонска Енциклопедија. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот Св. Климент Охридски во 2007 година. Има напишано 20 книги и монографии и преку 50 научни трудови.
Посмртните останки на Гоце Ангеличин Жура ќе бидат изложени во капелата на охридските градски гробишта во среда, 3-ти април, од 12 до 13 часот. Предходно со почеток во 10 часот и 30 мин во спомен куќата на Христо Узунов ќе се одржи комеморација.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град