• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • На овие избори влегуваме со најсилното оружје, а тоа е вистината, порача Михаил Трендафилов – Нанче

На овие избори влегуваме со најсилното оружје, а тоа е вистината, порача Михаил Трендафилов – Нанче

На овие избори влегуваме со најсилното оружје, а тоа е вистината, порача Михаил Трендафилов – Нанче, кандидатот за градоначалник на Охрид на Граѓанско демократската унија,. Тој предизборната кампања пред спомениците на Христо Узунов и Методија Патче.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Михаил Трендафилов – Нанче, кандидатот за градоначалник на Охрид на Граѓанско демократската унија, предизборната кампања ја почна со обраќање до граѓаните пред спомениците на Христо Узунов и Методија Патче во центарот на Охрид од каде порача дека на овие избори влегуваат со најсилното оружје, а тоа е вистината. Со стравот што владее меѓу луѓето мислат дека се само ВМРО и СДСМ и друга опција нема. Затоа сме последни во Европа. Кој како сака нека кажува приказни. На сите ни е тешко. Тие не се многу различни, едните мамат другите лажат, заедно крадат после се амнестираат, рече Нанче.
После 28 години лажење тешко е да поверувате дека има таков кој не лаже. Но ве убедувам тој е тука пред вас и ќе е вечно за вас. Од ова место порачуваме: ЌЕ ПОБЕДИМЕ, МНОГУ СМЕ ЈАКИ. ГО ИМАМЕ НАЈСИЛНОТО ОРУЖЈЕ – ВИСТИНАТА, рече Нанче.
Нанче посочи на проблемите со кои се соочуваат охриѓани, како иселувањето на младите, намалениот наталитет, урбаното дивеење со градење без концепт, голо профитерство на сцена. Tој посочи и на стравот што е всаден кај луѓето, таложен изминатите 28 години. Во оваа држава се изнаслушавме кој колку украл, кој колку бил корумпиран, од каде толку пари од еден сиромав народ. Едните лажат, другите крадат, меѓусебно се амнестираат. Останува на нас самите да определиме дали сме по европски терк, дали сме или не сме домаќини. Ние ќе победиме затоа што луѓето ќе знаат за кого да се изјаснат, рече Трендафилов.
Цело време се протежира дека владата и градoначалникот треба да се од иста парија. Зошто? Демек убаво ќе соработувале. Сега пак јас да прашам од Владата горе од кој пари даваат на градоначалниците? Од дома ги донесоа па ќе ги поделат на луѓето ? Ние сите даваме пари на Владата за да ни ги врати назад, ако е така испаѓа дека ако победи СДСМ, ВМРО ништо да не плаќа!Од каде со кој пари тие се фалат? , запраша Нанче.
За да се тргне напред, Охрид треба да развива спорт, култура, туризам. Само со таква инфраструктура градот ќе може да бележи развој, рече меѓу другото Трендафилов. Тој иднината на градот ја гледа во инвестиции што на долг рок ќе донесат профит, а не да се задолжува Општината за сервисирање на каматите од задолжувања за промашени проекти.
Самуиловата тврдина е атракција број 1 , филмска атракција. Таа може да биди Холивуд да дојде да снима. Ако некој направи средновековен град, автентичен, рече Нанче. Визиите се многу големи ако ги поставам јас после сите наредни градоначалници ќе мораат да ја држат таа линија, потенцира тој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top