Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување


Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување. Јавното претпријатие Градски гробишта деновиве интензивно работи на уредување две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, но и на едно детско игралиште на кое ќе бидат поставени интересни реквизити.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување. Тие години наназад реагираа дека младите, но и повозрасните кои сакаат да се занимават со некакви спортски активности немаат во близина никаков спортски терен. Потенцираа дека во оваа населба се наоѓа и училиштето „Кочо Рацин“, па навистина повеќе од потребно беше да се реализира еден ваков проект. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ деновиве интензивно работи на уредување на две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, но и на едно детско игралиште на кое ќе бидат поставени интересни реквизити.

Мислам дека за дваесеттина дена ќе бидат приспособени овие игралишта и тој дел од градот ќе добие едно современо катче и за децата и за возрасните во кое ќе можат да уживаат. Значи почнуваме да го уредуваме просторот кај касарната, вели Ванчо Костовски- директор на ЈП „Градски гробишта“.

Игралиштата ќе бидат од отворен карактер па покрај жителите на „Радојча Новичиќ“ ќе можат да ги користат и оние од улицата „15ти Корпус“ и „Железничка“. Костоски вели дека и останатите граѓани од другите делови ќе можат да доаѓаат и да спортуваат, а со тоа ќе заживее овој простор.
Ние имаме градежна група која прави улици и тротоари со бекатон. Доста е активна па за наредниве три месеци секојдневно имаме работа. Дури и во сабота работиме, но сето тоа на работниците им е платено, вели Костовски.

ЈП „Градски гробишта“ работи на повеќе проекти во и надвор од градов. Во периодов што престои ќе се поплочуваат повеќе тротоари, се прави улица „Галичица“ во Пештани, на „15ти Корпус“ се прередуваат плочки на тротоарите каде се вршеле градежни зафати, а ќе се поплочува и улицата позади општинската зграда.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top