Јавното претпријатие „Градски гробишта“ финансиски се консолидира. Во 2018 година претпријатието вратило стари долгови кои датирале уште од 2012. Во овај период претпријатието интензивно работи на поплочување на улици и тротоари.
Јавното претпријатие „Градски гробишта“ финансиски се консолидира. Во 2018 година претпријатието вратило стари долгови кои датирале уште од 2012 во висина од 5 423 000 ден. Во оваа година првпат од постоењето е даден регрес за годишен одмор во висина од 5000 ден. по вработен. Во 2018 година е зголемена платата на вработените во висина од 10%. Исто така е помогната синдикалната организација со 60 000 ден.
Имаме многу поголемо ангажирање. Направивме добар тим со истите вработени кои беа и претходно, го извадивме потенцијалот кој претходно не можел да дојди до израз. Но, многу е важна и нашата соработка со Локалната самоуправа, вели Ванчо Костоски- директорот на ЈП „Градски гробишта“.
Во овај период јавното претпријатие работи на поплочување на улици и тротоари во населба Рача, поплочување на улица „Галичица“ во Пештани, а во наредниот период се планира поплочување на улици во Подмоље, 15 корпус и центар на Охрид.
Имаме за наредниве три месеци секојдневно работа. Дури и во сабота се ангажирани екипите за што примаат дополнителен надомест. Сакаме да го искористиме убавото време и да ги завршиме започнатите проекти, вели Костоски.
Според предвидувањата на претпријатието во 2019 година приливот од средства од локалната самоуправа се очекува да надмине 6 000 000денари. Со тоа оваа година би била најуспешна од кога претпријатието постои.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град