После пауза од повеќе од една година, љубителите на седмата умертност повторно ќе можат да уживаат гледајќи филмови на големото платно.Од пролеттва повторно ќе има кино проекции во Центарот за култура „Григор Прличев“, најавува новиот директор, Горан Симоновски. За оваа година планирани се и две театарски премиери, како и една детска и една младинска претстава.
Од пролеттва повторно ќе има кино проекции во Центарот за култура „Григор Прличев“. После пауза од повеќе од една година, љубителите на седмата уметност повторно ќе можат да уживаат гледајќи филмови на големото платно. Проблемот што толку долго време Охрид остана без кино проекции е од техничка природа. Новиот директор, Горан Симоновски вели дека проблемот со дефектот на прожекторот и некои други пропратни елементи набрзо ќе биде надминат.
Сме во преговори со Агенцијата за филм од Скопје пошто прожекторот е во нивно владение и во договорот стои дека тие треба да го одржуваат и да го реставрираат и за брзо време треба да ни ги достават деловите за да може истиот да се сервисира, вели Симоновски.
Иако оваа година Министерството за култура речиси на сите културни установи вклучително и охридскиот центар им додели помалку средства од она што бараа, Симоновски вели дека тие ќе се трудат публиката да не осети во репертоарот на театарските претстави. Веќе утре се прикажува преставата Аналфабет, а после тоа на 15ти март е Стаклена менажерија, на 27ми март е Каде е пиштолот. Планирани се и две премиери за оваа година, како и една детска и една младинска претстава.
Во тек се преговорите со еден од режисерите, а стапивме во контакт и со другиот режисер. Имаме од нивна страна разбирање па така едниот проект ќе го реализираме сега во пролетниот период, а другиот од наесен. Така ќе биде опфатена цела година, вели Симоновски.
Симоновски кажува дека интензивно работат на изнаоѓање средства за подобрување на условите во центарот преку помагатели. Така веќе се во преговори со неколку охридски фирми за поправка на светлечката реклама на зградата, за санација на тоалетите како и за поставување билборди над зградата, а директорот има намера да се претапацираат и столчињата во салата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град