Нередие на струшките плажи

Од хотел Дрим бараат  итен  конкурс за издавање на плажите под концесија.

 |  Билјана Колоска  | 
sank
шанк

Во последниов период интензивно, нелегално се  уредува крајбрежјето. Педалинки има на секој чекор, времени објекти поставува кој што ќе стигне. Деновиве шанк се поставува на самото пристаниште, на машка плажа, реагираат од Хотел Дрим. Од таму велат, доколку дојдат гости кои сакаат Струга да ја посетат со брод нема каде да слезат, пристаништето е узурпирано. Бидејќи сега плажите се во споственост на Р. Македонија, како може државава да го дозволи ова? се прашуваат од Хотел Дрим.

Бараат од Mинистерството за транспорт и врски што поскоро да објави конкурс за издавање на плажите под концесија, или во спротивно на струшкото крајбрежје му се заканува  големо нередие кое ќе резултира со лоша туристичка сезона.

ТвM стапи во контакт со министерството за транспорт и врски, со цел да добиеме информација, дали и кога ќе се објави конкурс за издавање на плажите под концесиј, но не успеавме да добиеме било каков податок.

plazaНеодамна, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакисеки, при посетата на Струга, за време на изброната кампања за локалните избори, предвреме најави доколку со градот раководи Рамиз Мерко, тогаш очекувано е на плажите да има нередие.

Од општина Струга пак велат дека тие ги избршуваат своите обврски. И покрај тоа што плажите се во надлежност на министерството, ние имаме ингеренции во делот на инспекцискиот надзор, истака секретарот гГулицоски. Општината веќе превзема мерки за отстранување на нелегалните времени објекти поставени по плажите.

„Инспекторите за градежништво спратија барања до сите сопственици кои бесправно поставиле објекти по плажите веднаш да ги отстранат или во спротивно ние ќе се погрижиме за тоа“-истакана Зоран Гулицоски, секретар на о.СТруга.

Инаку, пред една недела, како што ТВм објави, тужби се поднесени против 8 лица, кои противправно градат на струшките плажи. Тие се однесуваат на уредувањата кои се прават на машка плажа, на потегот пред ФОН универзитетот, како и до плажата на ЕВРО Хотел.  На лице место увид на плажите направиле дури 5 судии, а на градителите им е изречена  времена мерка за стопирање на градежните зафати кои се превземаат на плажите.
 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top