Туристите кои доаѓаат во Охрид се почесто се одлучуваат да пробаат некоја алтернативна форма на туризам. Асоцијацијата „Експлорер“ прави напори организирањето на ваквите тури да биде на едно виосоко ниво, со обучени туристички водичи по европски стандарди.
Нема втор пат за првиот впечаток. Ова многу добро го знаат и веќе активно го применуваат туристичките водичи од градов. Тие се свесни дека го претставуваат првиот впечаток за Охрид како туристички центар, па затоа инвестираат во себе и во сериозноста на оваа професија. Пратејќи ги современите трендови во туризмот и се поголемиот интерес за развој на неговите алтернативни форми како што се планинарење, алпинизам, авантуризам и др., дел од водичите специјализирани за вакви тури, пред неколку месеци ја формираа Асоцијацијата „Експлорер“.
Асоцијацијата за професионални водичи на планина оваа година за прв пат стана полноправен член на европаскатаа Асоцијација на професионални водичи и можам да кажам дека во тој дел ние сме покриени и дека планинарењето е на едно повисоко ниво, меѓутоа останатите активности ниту законски, ниту правно се регулирани така што пазарот е оставен на секој оној кој мисли дека може, има желба или можност да работи во туризмот, вели Димитри Димитров – претседател на „Експлорер“.
Со помош на Општина Охрид, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и асоцијациите од туристичките комори ќе се прават напори да се постигне еден добар квалитет во фелата на туристичките водичи, вели Димитров.
За тоа е потребна и туристичка инспекција која за жал во Охрид знаеме колку функционира. Многу пати водичите пласираат погрешни информации, немаат знаење и умеење за водење специфични тури. Вакво нешто во други европски центри не може да се случи, вели Димитров.
Минатата година 12000 туристи побарале услуги од здруженијата и асоцијациите во градов кои се занимаваат со водење тури. Оваа година тој број се очекува да порасне. Асоцијацијата „Експлорер“ планира самостојно да настапи на некои интернационални саеми како на тој начин би ги запознале потенцијалните гости кои сакаат да испробаат некоја од алтернативните форми на туризам.
Пред неколку месеци беше ставен во функција и туристичкиот инфо центар во центарот на Охрид кој треба да служи за промоција на туриситичките содржини кои ќе им се нудат на гостите. Овој инфо центар ќе функционира од мај до октомври кога е и најголемата посетеност на градов.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град