Македонија побогата со два мајсторски црни појаси 5 дан во Таеквон-до ИТФ

Во Македонија викендов во Домот на култрата Лескоец-Охрид во спортската сала на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескеоц – Охрид се одржа национален технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан).

 |   | 

Во Македонија викендов во Домот на култрата Лескоец-Охрид во спортската сала на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескеоц – Охрид се одржа национален технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан).

Семинарот го одржа еден од најдобрите мајстори во светов а воедно и еден од челниците на Таеквондо ИТФ во светот. Како што прилега на врвен мајстор во негов стил го направи и овај семинар врвен при што секоја техника една по една им ја покажа точно на нашите спортисти , со надеж дека ќе помогнево освојувањето медал на следното европско првенство, во април месец, во Римини,Италија. Посебно посвети внимание на Давид Крстески кој ќе настапи на ова Европско првенство, што е најголема предност за неговата понатамошна кариера, бидејќи започнува на 11 години да натпреварува на Европско првенство, со сите исполнети критериуми, а воедно и со најмлада дозволена возраст.

Гранд мастер Ким Унг Чол беше презадоволен од организацијата на семинарот, од квалитетот и дисциплината на учесниците на овај семинар, и од убавините на преубавиот Охрид и Македонија.

На овој семинар професорот Ким Унг Чол ги презентираше најновите таеквондо ИТФ техники пред учесницитена овај семинар. Овие техники според тренерот на ХВА РАНГ ИТФ, Марјанчо Лазаревски во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија.

„Одржавме технички семинар за Теквондо итф со професор Гранд Мастер Ким Унг Чол. Во светот има само двајца луѓе кои ја имаат најголемата титула Гранд Мастер, а ние ја имавме таа чест да учиме од еден од најдобрите во светот за таеквондо итф. Можеме да кажеме дека овај семинар ни беше повеќе од потребен и истотака имавме можност да ни биде претсавена техниката до најситни детали, кои ќе ни користат за наредното Европско Теквондо ИТФ првенство во Римини Италија истакна Марјанчо Лазарески.

Семинарот се одржа во два дена,во два термини, каде теквондистите ги усовршуваа своите техники, а во склоп на семинарот се одржа и полагање за црн појаси пред угледниот професор. Македонија од овој семинар излезе со побогата со двајца носители на црн појас V дан, Марјанчо Лазаревски и Ацо Јосифоски.

Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескеоц – Охрид и официјално ги започнаа своите активности за 2019 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top