Oригинална смотра на практични остварувања на учениците

Во економското училиште се одржа оргинална смотра на практични остварувања на учениците. Денеска беше „Ден на Училишните компании“. Целата на оваа саемска изложба е учениците да научат да работат во фирми.

 |  Татјана Маленкова  | 
prezentacija
презентација

Во економското училиште се одржа оргинална смотра на практични остварувања на учениците. Денеска беше „Ден на Училишните компании“. Целата на оваа саемска изложба е учениците да научат да работат во фирми.

Ученици од 9 училишни компании денеска го претставија она што го работеле изминативе години. Изложбата на практични остварувања на учениците  се одржа во спортската сала на економското училиште. Учениците со задоволство јавно проговорија за виртуелни компании, во кои работеа две и повеќе години.

prezentacijaПроектот за  виртуеланите компании е финансиран од страна на Австриската компанија за развој. Освен во Македонија, Австриската амбасада вакви проекти има финансирано и во Србија, Албанија, Црна Гора, Босна Косово и Молдавија.

„Она што денес го гледаме е навистина импресивно, јас сум многуи задоволен од она што учениците го носат со себе.Ова е замислено учениците поблиску да се запознаат со реалноста, односно по завршувањето со училиштето, ние самостојно да моќ
еме да си отвориме фирма и да знаеме како со истата да раководиме“, изјави Хајнц Хабертојер, раководител на канцеларија за техничка соработка при Австриска амбасада .

„На саеми на виртуелни компании, сме учествувале и во земјава и во странство.Посебно би го издвоила  учеството  на  саем во Салзбург Австрија“, вели професрката Весна Карамитре.

„Со проектна активност училишни компании, започнавме во 2006 год. За да следната година го воведиме како реален предмет од  четврта година. Учениците иако на виртуелен начин, работат како едно реално трговско друштво.Ентузијазмот е многу голем, покажуваат добри резултати, едноставно се припремаат за идните години да одговорат на пазарот на трудот“, вели Даница Балоска – ментор на училишните компании.

Учениците иако на виртуелен начин работат како едно реално трговско друштво. Во замислените компании може да се купува слободно се, но без реални пари.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top