Општина Охрид доби шанса да се консолидира

Исплатата на обврските кон 70 доверители на кои општина Охрид им должи  470 милиони денари основен долг и уште толку за камати треба да заврши кон крајот на месец јунни.

 |   | 

Исплатата на обврските кон 70 доверители на кои општина Охрид им должи 470 милиони денари основен долг и уште толку за камати треба да заврши кон крајот на месец јунни.

Охрид како најзадолжена општина во државава има можност, со најавената помош од Владата, конечно финансиски ќе може да се консолидира. Општината доби на располагање неповратни средства во висна од 495 милиони кои до 30 јуни оваа година треба да им бидат префрлени на сметка на доверителите кои сумирано со камати имаат побарувања од околу 940 милиони.

Константин Георгиески, в.д градоначалникот на општината, вели дека сега следува макотрпен процес на преговарања со доверителите,и изготвување на една ранг листа по која ќе се рангирани согласно законот. Таа ранг листа ќе биде продложена до Советот на Општина Охрид, којшто треба да ја изгласа и сите тие пари општината да ги исплати на доверителите до 30.06.2019.

Освен долгот кон доверителите, досега големо оптеретување за општината беше и нефункционалниот колекторски систем и натрупаните долгови.

Георгиески објаснува дека: –„Доколку изборите се некаде во април,заедно со претседателските избори, имаме 3-4 месеци кои ќе бидат клучни во однос на преговарање со доверителите и правење на еден голем исчекор во насока на деблокирање на општината. Вкупниот долг на колекторот е некаде околу 900 милиони денари кој ќе биде преземен од страна на државата и ќе бидат инвестриани дополнителни три милиони евра за долоплнителна модернизација на колекторот“.

Речиси половина од долгот на општината отпаѓа на натрупани затезни камати кои и понатаму од ден на ден ја обременуваат задолженоста на градот. Минатаа година Општина Охрид распиша јавен повик врз основа на кој се склучија спогодби со одреден број доверители и на таков начин беше остварена заштеда од преку 300 000 евра со тоа што доверителите се откажаа од каматата која ја побаруваат, информираа тогаш од локалната.

Градот најголеми износи им должи на градежните фирми Гранит и Илинден. Селективност и фаворизирање кон одредени доверители, при сервисирањето на долговите, ниту смее ниту ќе има, велат од локалната. Дополнително општините ќе мора јавно да ги објават податоците за тоа како ги трошат парите на граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top