Охриѓани повторно чекаат градски превоз под ведро небо

Охриѓани бараат да се постави настрешница на постојката која беше дислоцирана од кај зградата Печијаре подолу на Булевар Туристичка. Веќе неколку месеци тие чекаат градски превоз на отворено. Од Локалната ветуваат дека со подобрување на временските услови опремата ќе биде поставена.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани повторно чекаат градски превоз под ведро небо. Од пред неколку месеци автобуската постојка која се наоѓаше кај зградата Печијаре беше дислоцирана десетици метри подолу на Булевар Туристичка, но покривната конструкција под која граѓаните се засолнуваа од дожд и сонце остана на старата локација. Тие бараат Локалната веќе кога решила да ја дислоцира една од најфреквентните постојки во градов да создаде пристојни услови и да постави опрема.

Прва работа со која ќе се зафати нашиот сектор е преместување на кабината од старото место на новата локација, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локална самоуправа.

Од Локалната велат дека ќе направат увид на сите постојки и ако има потреба ќе интервенираат доколку се оштетени. Многу пати досега се случуваше несовесни граѓани да ги оштетуваат, да ги нагрдуваат со разно разни графити.

Секогаш кај нас важи апелот да се чуваат општите добра, но што се може. Свеста кај некои граѓани е на ниско ниво. Ние ќе го поравиме оштетеното и се надеваме дека во иднина сите ќе се однесуваат пристојно кон она што значи заедничко добро, вели Џамтоски.

Тој кажува дека со подобрување на временските услови ќе се интервенира и на кружниот тек на пресекот на улиците „Питу Гули“ и „Јане Сандански“, во близина на болницата. Тој е многу оштетен па целосно ќе се реконструира. Во периодот што следи ќе бидат доизградени и преостанатите 120 метри од патеката од каналот до хотел Парк.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top