Тим од нациoналната jапонска телевизија снимаше документарец за Охрид.
Покрај природните убавини на нашиот град, во него голем акцент е ставен и на црквите. „Охрид има што да им понуди на нашите туристи“ вели продуцентот на документарниот филм.
Преку 20 минутен документарен филм, Јапонците ќе се запознаат со убавините и црквите во Охрид. Четири члена екипа на националната јапонска телевизија којa работи на циклусот емисии „Начин на живеење на Европјаните“, неколку дена престојуваа во нашиот град и ги снимаа убавините на Охрид.Снимањето заврши денеска, а филмот ќе се емитува следниот месец. „Со тоа очекуваме многу позитивни реакции за Охрид, како туристичка дестинација.Овој град има голем потенцијaл за нашите туристи, вели продуцентот на докуменатарниот филм, Даисуке Јамамото.
Оваа владина агенција има програма која покрај поканување на туроператори кани и странски новинари со цел да го погледаат она што го нуди Охрид од аспект на природни убавини но и од страна на туристички вредности, вели Зоран Стрезоски, директор на Aгенцијата за промоција и подршка на туризмот.
„Со претставниците на јапонската националан телавизија преку амбасадата во Белград, стапивме во контакт со луѓето и се договоривме да направат репортажа за Македонија но и за Охрид како културна престолнина. По неколку пати померуван терминот тие пристигнаа во Охрид.“
„Кон крајот на месецов во Mакедонија се очекува да пристигнат туроператори и новинари од Германија, а во септември туроператори и новинари од Шведска и Русија“, најави Стрезоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град