Сменет В.Д. директорот на ЈП „Охридски Комуналец“

Сашо Алчев ќе биде привременото решение додека не се постави нов директор.

 

 |  Тања Кувенџиска  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

Градоначалникот Петрески не издржа. На само неколку дена пред да донесе конечна одлука кого ќе го избере за прв човек на ЈП „Охридски Комуналец“, го смена досегашниот ВД директор и постави нов. Причина за смената, како што вели Петрески е „неможноста за понатамошна комуникација“ со Павлоски. Новиот ВД директор е Сашо Алчев, досегашниот координатор на општи служби во ова јавно претпријатие.

Петрески за ТВМ изјави, дека меѓу тројцата пријавени кандидати на распишаниот конкурс воопшто не го гледа името на новиот директор на ЈП „Охридски Комуналец“ и затоа повторно се одлучил за варијантата ВД директор, овој пат со Алчев, кој што пак воопшто не беше пријавен на конкурсот. Првиот човек на ова претпријатие ќе се знае најдоцна за три месеци, во кој период најверојатно ќе биде распишан и нов конкурс, објаснува Петрески. 

 

За директорската функција во Комуналец, се шпекулираше со името на Никола Рилкоски, кој беше посочуван како сигурен кандидат. Деновиве, неговото име се стави под знак прашалник, поради можноста- член од неговата фамилија да биде поставен за директор на едно од средните учлишта во Охрид.

кантаОстанува неизвесно и кој ќе седне на директорското место во ЈП за стопанисување со спортски објекти „ Билјанини извори“. Неофицијално, тоа ќе биде човек од редовите на ВМРО – Народна партија. Но тоа најмногу ќе зависи од актуелните политички пазарења околу добивањето на мнозинство во Советот на општина Охрид.

Како што е познато, на распишаниот конкурс за директор на ЈП за стопанисување со спортски објекти, пријавени беа двајца кандидати. Меѓу нив, не беше и актуелниот ВД директор Иван Цветкоски, кој за ТВМ изјави дека не се пријавил поради лични причини. 

Според градоначалникот Петрески, извесна е само одлуката кого ќе го постави на челното место на МЈП Проаква. Неофицијално, тоа ќе биде актуелниот ВД директор Бранко Трпчески.

Со оглед на актуелните внатрепартиски случувања во СДСМ, и оваа информација треба да се земе со резерва. Конечниот избор, градоначалникот се очекува да го соопшти на прес конференција, која треба да се одржи деновиве.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top