Се вршат засилени контроли врз сместувачките капацитети во Охрид.
Се вршат засилени контроли врз сместувачките капацитети во Охрид. За првомајските празници се контролираа станоиздавачите, а од денес и хотелите долж охридската ривиера. Прекршителите на законот, утврдените недостатоци ќе мора да ги отстранат до почетокот на летната сезона.
Инспекторите за туризам деновиве вршат засилени контроли врз сместувачките капацитети. Ригорозно се казнуваат сите кои не го испочитувале Законот за туристичка дејност.
Во текот на првомајските празници се проверуваа приватните станоиздавачи, без разлика дали станува збор за категоризирани или оние кои се уште не ја исполнале оваа законска обврска.
Против оние станоиздавачи кај кои се евидентирани поголеми отстапувања од законски пропишаните, ќе биде поведена прекршочна постапка. Строги санкции следуваат и за оние станоиздавачи кои навреме не ја платиле туристичката такса.
Инспекторите по туризам вршат интензивни контроли и врз работењето на хотелите во Охрид. Особено кога станува за евиденцијата на гостите кои престојувале и плаќањето на туристичката такса.
Дел од хотелите долж охридската ривиера беа посетени во текот на денот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град