Измамници од Скопје оперирале во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „измама”, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Т.С.(72) и З.Г.(63), двајцата од Скопје.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „измама”, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Т.С.(72) и З.Г.(63), двајцата од Скопје.

На 27 октомври оваа година околу 15,00 часот, на улицата „Марко Цепенков” во Охрид,  пријавените го пресретнале Б.Ј. (81) од Охрид и со намера да стекнат противправна имотна корист, го довеле во заблуда  и лажно му прикажале дека  направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен  и му побарале 2000 евра при што оштениот прифатил замена.

На 30.10.2018 година во 15.15 часот на улицата „Питу Гули” пријавените му пристапиле на К.Г.(77)  од Охрид и на истиот начин за случена сообраќајната незгода, го довеле во заблуда и му зеле 2000 долари во замена за наводни златни предмети.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 220.000 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top