Античкиот театар со нов лик

На Антички театар да се направи центар за посетители , мал музеј како и простории за поддршка на „Охридско лето“ како што е простор за подготовка на изведувачите. Ова е идеја студентите од четврта година на  Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои изработија проекти за ревитализација на охридскиот Антички театар. Денес тие беа преставени пред охридската јавност.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Античкиот театар со нов лик. Ова е замисла на студентите од четврта година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои како проектна задача изработија проекти за ревитализација на охридскиот Антички театар. Нивните замисли и идеи денес беа поставени на изложбата со наслов „Ревитализација на Античкиот театар во Охрид“ во Центарот за култура Григор Прличев.

Станува збор за центар за посетители што би претставувал туристичка поддршка, каде би имало просторија каде би се оддржувале предавања, мал музеј како и простории за поддршка на Охридско лето како што е простор за подготовка на изведувачите, вели Доц. Др Ана Иваноска Дескова од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Античкиот театар како многу значаен локалитет за Охрид бил предизвик за идните креатори на архитектурата во државава. Од четириесеттина проекти кои биле изработени стручниот тим избрал само шест кои ги запазувале сите потребни стандарди за автентичност и функционалност на ова посебно место.

Ова е една од ретките прилики кога излегуваме вон Архитектонскиот факултет благодарение на соработката со градот Охрид и ги донесовме тука за да можете да ги погледнете, да искоментирате и да кажите колку се тие добри или не, вели Дескова.

Проектите се за потребите на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, но бидејќи се изработени многу студиозно можат во иднина да добијат и применета вредност. Локалните власти, а и државата сериозно треба да размислуваат за осовременување на Античкиот театар кој покрај што е посетен од голем број туристи, претставува и главна сцена на Фестивалот „Охридско лето“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top