• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Се сретнаа претставниците на Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Република Бугарија

Се сретнаа претставниците на Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Република Бугарија

Деновиве во Струга се одржува средба на раководните одбори на Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Република Бугарија. На средбата се разменија досегашни искуства и практики во работењето на двете национални друштва, со цел долгогодишната соработка помеѓу двете национални организации да се подигне на едно повисоко ниво.

 |   | 

Делегација на Бугарски Црвен крст, деновиве ја посети централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија, како и Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга. Средбата е обид, долгогодишната соработка помеѓу двете национални организации да се подигне на едно повисоко ниво, преку презентација на заедничките можности за соработка на одборите од двете организации, а секако  во духот на Меѓународната организација на Црвениот Крст. Исто така соработката се состои и во размена на идеи на одредени општински организации од земјава, со општински организации од соседна Бугарија, посочи проф.д-р Ромел Велев – претседател на Црвениот крст на Република Македонија.

„Досегашната наша соработка која е програмски предвидена се состои во осум сфери: катастрофи, прва помош, меѓународна соработка, инфрмирање на медиумите и уште неколку други. Во секоја од нив има подпрограми кои гледаме да ги надградиме и надополниме односно да изнајдеме нови можности во тие сфери на наша соработка“, истакна проф.д-р Ромел Велев – претседател на Црвениот крст на Република Македонија.

Велев објасни дека во тек е реализација на неколку проекти кои се плод на заедничка работа на двете национални организации. Но нивна интенција е да се учествува во реализацијата на интернационални проекти и користење на средства од европските фондови.Моментално се користат фондовите наменети за реализација на проекти во граничните региони. потенцира Велев.

„Нашата соработка може да биде пример не само за Балканот и Европа туку и за целиот свет. Нашата заедничка соработка датира од многу одамна, а веќе бележиме многу добри резултати. Сега започнуваме да работиме на голем број проекти во меѓуграничните подрачја каде ни се отвараат можности за користење на средства од европските фондови. Се надевам дека до година кога ќе се видиме ќе можеме да ви преентираме многу добри резултати“, потеницра Акад.Д-р Христо Генадиев Григоров – Претседател на Црвен крст Бугарија.

Делегација од Бугарскиот Црвен крст ја сочинуваа Академик д-р Христо Григоров, Претседател на Бугарски Црвен крст; д-р Софија Стоименова, Генерален директор на Бугарски Црвен крст; Преслава Лилова, Раководител на одделот за Меѓународна соработка на Бугарски Црвен крст.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top