Со денови беснеат пожари во струшко

Не стивнуваат шумските пожари во струшко. Пожари беснеат над селата Луково и Нерези на непристапен терен. Жителите бараат помош Центарот за управување со кризи.

 |  Соња Рилковска  | 

Пламените јазици не стивнуваат во струшко Нерези.  Скоро десетина денови гори  шумата над селата  во Долни Дрмкол.
На терен се само вработените од Шумското стопанство. Во телефонска изјава за ТВМ се жалат дека немаат помош од Центарот за кризи.
Единствено на помош дошла Противпожарната единица, која не е во состојба да го сопре ширењето на огнот , бидејќи  теренот е непристапен. Револтирани бараат  помош!
„ Сегде гори десет дена веќе овде  и да не го обвинуваат шумското стопанство само ние сме на терен. Немаме помош од никого! На телефон ни се јавуваат и се расправаме! Никој не излегува!!, вели Перо Илиески инжинер во Шумско стопанство.
Пожарот беснее над селата Луково и Нерези. Вработените во Шумското стопанство немаат надлежност да  учествуваат во гаснење на пожари, ниту со опрема ниту со човечки ресурси. Велат дека се оставени сами на себе стравуваат пожарот да не се рашири до селата.
„Ние плус ни забранија со зкаон да гасниме пожари откако се случи таа несреќата во Струмица каде загинаа двајца шумарски работници. Ова е страшно. Не можеме ништо да направиме никој не доаша само се јавуваат по телефон! А пожарот до в село додје.Има ли опасност да се рашири до в село?   Ние патролираме горе за гаснење не можеме непристапен терен е! Еден не е дојден“, додава Илевски.
Пожарот е пријавен во полиција Тоа беше објавено во билтенот на МВР пред два дена.
– На 04.11.2018 година во 12,30 часот во Полициска станица Струга бил пријавен пожар во атар на село Нерези, струшко, на место викано Кошара. Во пожарот зафатена била околу 5-6 хектари шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот, пишува во билтенот на МВР.
Според кажувањата на жителите огнот не стивнува во струшко. Тие итно бараат помош од Центарот за справување со кризи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top