Рон Денис доби награда за животно дело

На донеодамнешниот извршен шеф на Мекларен, Рон Денис, кој се повлече од Формула 1 во екот на аферата со лажењето на судиите на трката во Мелбурн, во четвртокот навечер му беше доделена награда за животно дело.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ron Denis
Рон Денис

На донеодамнешниот извршен шеф на Мекларен, Рон Денис, кој се повлече од Формула 1 во екот на аферата со лажењето на судиите на трката во Мелбурн, во четвртокот навечер му беше доделена награда за животно дело.Денис, кој помина повеќе од четири децении во мотоспортот, го прими признанието од спортската индустрија и веднаш подели комплименти за своето „семејство“ во Мекларен.

„Моето присуство во трките од Формула 1 почна во 1966 година и во текот на овие 43 години таа беше моја животна страст“, изјави тој. Примајќи ја наградата во Лондон од двајца свои некогашни возачи, Алан Прост и Мика Хакинен, Денис додаде: „Во тој период работев со некои од најголемите возачи во историјата на овој спорт, како и со голем број многу талентирани и крајно вредни и работливи поединци. Соработката со сите нив ја сметам за привилегија. Иако виртузоните изведби на тркачките великани несомнено привлекуваат најголемо внимание, Формула 1 во суштина се сведува на тимски труд. Победите колку се должат на суперѕвездите толку се резултат и на непознати херои. Затоа, кога зборуваме за Мекларен, наместо зборот тим го претпочитам терминот семејство. Заедно со многутемина талентирани и вредни поединци што го сочинуваа и се’ уште се дел од семејството Мекларен, бев вклучен во 138 гран-при победи, во десет возачки титули и во седум конструкторски“.

Ron DenisПрост, кој три од своите четири шампионски трофеи ги освои како возач на Мекларен, го опиша Денис како „централна и инспиративна фигура“ во неговата кариера.

„Оваа награда е само признание за човекот што му го посвети својот живот на мотоспортот и без кого падокот во Формула 1 ќе беше посиромашно место“, изјави Французинот.

Сер Френк Вилијамс, шеф на истоимената екипа, изјави: „Рон е човек со извонредни способности и е класа за себе во Формула 1. Сите овие децении покажа способност за победување со постојаност, но и со навистина врвна елеганција. Тој е ужасно добар во тоа што го работи и среќен сум што е награден на ваков начин“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top