Летово, се очекува богата туристичка сезона.
Телевизискиот спот за туристичките потенцијали и културното богатство на Македонија побуди интерес кај странските гости. Со емитувањето на повеќето телевизии ширум светот, охридско-струшкиот регион и воопшто Македнија како земја, стана се по посакувана дестинација за посетување, информираат од „Агенцијата за развој на Туризмот“.
„Дури и туристи од Индија се заинтересирале да ја посетат Македонија. Тоа најавува богата сезона во охридско-струшкиот регион“-вели директорот на „Агенција за развој на туризам“, Зоран Стрезоски.
Работиме со забрзано темпо на промоција на туризмот и културните богатства на Македонија, истакна Стрезоски. За време на велигденските празници по нивна покана во посета на државава биле туристички новинари од „Турската национална радио телевизија“ од Анкара, информира тој. Во моментов во Македонија е присутна и екипа од национална телевизија од Јапонија. Тие прават репортажа за државава и нејзините туристички предности. И турската и јапонската телевизија, спотовите за Македонија ќе ги емитуваат на своите програми.
За време на македонската вечер на „Евровизија“-ние како агенција имаме организирано и промоција на туристичкиот потецијал на Македонија, кажува Стрезоски. На сите посетители на вечерта ќе им се нуди и македонско вино, додава тој.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град