Во сеќавање на поетот и собирач на народно творештво Блаже Тренески

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува практиката да одбележува значајни годишнини сврзани со творештвото на роднокрајните автори.

 |   | 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува практиката да одбележува значајни годишнини сврзани со творештвото на роднокрајните автори.

Оваа и следната недела во библиотеката на пригоден начин ќе биде одбележана 87 годишнината од  раѓањето на поетот и собирач на народно творештво Блаже Тренески.

Блаже Тренески е роден на 12 октомври 1931 година во село Врбјани а почина на 1 мај 2015 во Охрид. Во негова чест од среда 3 октомври до петок 12 октомври во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде поставена изложба на 12 книги – дела  од овој роднокраен автор кои заинтересираните ќе можат да ги погледаат и прочитаат.

Деновиве  на официјалната веб страница и на ФБ страницата на нашата установа ќе објавиме Преглед на неговото творештво кој ќе биде испратен и до локалните и регионални медиуми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top