Хамбургер се поблиску до финалето на УЕФА купот

Хамбургер со една нога е веќе во финалето на УЕФА-купот, а пресметката за пехарот во Истанбул му се насмевнува и на Шахтјор, по првите дуели од полуфиналето на купот на УЕФА.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Хамбургер со една нога е веќе во финалето на УЕФА-купот, а пресметката за пехарот во Истанбул му се насмевнува и на Шахтјор, по првите дуели од полуфиналето на купот на УЕФА.

Хамбургер со 1:0 славеше кај Вердер во Бремен, а Шахтјор се избори за реми 1:1 кај Динамо во Киев.
Шахтјор извлече одлично реми со постигнат гол на гости во Киев против Динамо, што го носи во подобра позиција за пласман во последното финале на УЕФА-купот.

HamburgerНа „Валери Лобановски“ стадионот, домашниот тренер Јури Семин се надеваше на првата победа во последните пет средби со украинскиот конкурент, откако на средина од првото полувреме дефанзивецот на Шахтјор Дмитриј Чигрински си даде автогол.

Динамо пропушти неколку шанси за поголема предност, а казна за неефикасноста доби точно на средина од вториот дел, кога Фернандињо го постигна злато вредниот израмнувачки погодок.
Хамбургер му испорача слатка одмазда на омразениот регионален ривал за минатонеделната пенал-елиминација во полуфиналето на германскиот Куп.
Идентично, тимот на Мартин Јол вечерва возврати со успех на гостински терен, победувајќи го вердер на „Везер“ во Бремен со 1:0 со голот на Пјотр Троховски во 28. минута.
За пресврт во двомечот, екипата на Томас Шаф ќе мора да слави во реваншот во Хамбург.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top