Најбрзиот човек на светот, 22 годишниот Усаен Болт од Јамајка, имаше сообраќајна несреќа.
Најбрзиот човек на светот, 22 годишниот Усаен Болт од Јамајка, имаше сообраќајна несреќа.
Повредено му е стапалото. Несреќата се случила во близина на неговата куќа, откако при голема брзина ја загубил контролата врз спортскиот автомобил БМВ и излетал од патот. Со него биле и неговиот брат и непозната девојка. Атлетичарот бил однесен во болница, но набрзо бил пуштен на домашно лекување.
Засега не се знае дали повредата на левото стапало ќе влијае врз атлетската сезона на овој носител на рекордите од Олимписките игри во Пекинг минатата година. За евентуално повлекување од трките ќе одлучува неговиот тренер Глен Милс. Првата трка му е задутре во Кингстон, Јамајка, а за 17 мај е најавено негово промотивно претставување со Кристијано Роналдо во Манчестер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град